Околу 600 жители од зградата, чиј подрум беше зафатен во пожар во скопски Чаир и по 21 ден, продолжуваат да чекаат одговори кога ќе можат да влезат во своите станови. Жителите се привремено сместени во становите на членовите на нивните семејства или во хотелите во Скопје. Полициските сили и денеска остануваат на влезот од зградата за да го обезбедуваат објектот.
И по 21 ден се уште продолжуваат истрагите во зградата која се запали во Чаир во Скопје, според обвинителството се уште нема детали од што се случил пожарот во оваа зграда.

Според обвинителството, вчера се вршеле истраги во подрумските простории на оваа зграда каде се сомневаат дека избувнал пожарот, но се уште нема детали за причините за пожарот кој на улица остави повеќе од 600 жители од оваа зграда. .
- „Ги проверуваат просторите од подрумот каде според првичните сомнежи избувнал пожарот. За причините за пожарот ќе ве информираме со детали по завршување на сите истраги“, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.
За целосно враќање во своите домови се уште се чека конечниот извештај дали зградата е безбедна за живеење или не. Пожарот на 2 октомври во 01:50 часот го зафати подрумот на оваа зграда, додека жителите биле евакуирани со помош на пожарникари. Некои од нив се затруја од чадот и завршија во болница.





