Поранешниот воен командант на Северно – Атланската алијансата, Џејмс Ставридис, смета дека Македонија ќе биде следна членка на НАТО со што ќе биде направен чекор кон обединување и јакнење на Балканот.
– Се надевам дека Грција ќе биде во состојба со Македонија да го реши спорот околу името, што ќе ја отвори вратата Македонија да стане дел од НАТО. Сметам дека Македонија ќе се приклучи кон Алијансата – изјави Ставридис за Гласот на Америка.
Ставридис е поранешен командант на воените сили на НАТО а и покрај неговото грчко потекло тој се залага за брз прием на Македонија во алијансата.




