Државјанин на Србија (28) кој илегално влегол во Израел, се обидел да побегне од притворското одделение на аеродром копајќи тунел, но полицијата во последен момент го фатила.
Тој слетал во Израел но му бил забранет влез во земјата поради страв дека ќе остане „на црно“, пишува Б92
Бил префрлен во притворска ќелија во Израел заедно со други странски државјани на кои поради истата причина им бил забранет влез во Израел.
За време на престојот во ќелијата, српскиот државјанин и останатите ја покриле ламбата во бањата со крпа и ги извадиле решетките.
Со решетката ископал дупка во ѕидот низ која планирал да избега.
Речиси совршениот обид не успеа кога службениците за имиграција го открија тунелот за време на рутинска проверка на ќелијата.
„Да не сфативме навреме, тој и другите приведени можеше да избегаат“.
Осомничениот бил уапсен и одведен на сослушување, каде што го признал обидот за бегство.
Обвинителството на регионалната полиција против него поднесе обвинителен акт пред Судот за прекршоци за обид за бегство од апсење и оштетување имот.






