Српскиот претседател го брани Дачиќ, и Вучиќ се кае за ФИРОМ

И српскиот претседател Вучиќ јавно зажали што Србија ја признала Република Македонија под уставното име а не под референцата од Обединетите Нации.



Ваква изјава шефот на српската држава дал по средбата во Солун каде што се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со грчкиот домаќин премиерот Ципрас.

Изјавата на Вучиќ за грешката на српските власти во 1995 година доаѓа откако пред некоку дена истото го стори и министерот за надворешни работи Дачиќ кој во Солун го повтори стариот став за ФИРОМ наместо Македонија.

„Грција не ја призна независноста на Косово, беше со нас, не покажавме доволно респект за ова прашање“, изјавил Вучиќ во Солун каде што на тројцата балкански лидери им се придружил и шефот на Европската Комисија Жан Клод Јункер кој доби титула почесен доктор на солунскиот универзитет Аристотелис.

Според српскиот претседател решение на сложеното прашање за името кое што сеуште ги отежнува односите Атина – Скопје може да се најде само ако грчката страна страна е задоволна од компромисот.

Вучиќ во Солун каде што не беше поканет македонскиот премиер Заев и се заблагодарил на Грција за јасната позиција за Косово и за поддршката на патото кон ЕУ.

Пред три години за време на катастрофалните поплави во Србија која македонските граѓани испратија голема хуманитарна помош за северниот сосед Вучиќ изјави:

„Српскиот народ ова никогаш нема да го заборави“.

За разлика од српскиот народ кој што навистина не заборави српските политичари очигледно имаат кратко паметење што збореле за истиот тој народ на кој сега му го ускратуваат правото да се нарекува како што се чувствува, во обидот да добие политичка поддршка од членката на ЕУ , Грција.

 За двојните стандарди на српската политика зборува и фактот што и Обединетите Арапски Емирати како прва арапска држава што го призна Косово во 2008 година нема никаков проблем поради тоа со официјален Белград. Напротив ОАЕ е близок трговски и економски партнер на Србија а никој од српските политичари досега не се покајал за тоа.