Српската полиција уби напаѓач, кој во кафеана во Јагодина го усмрти сопственикот и тешко рани едно лице

Напаѓачот кој попладнево го уби сопственикот на кафеаната во Јагодина, Дејан Михајловиќ (56), и рани уште едно лице, е ликвидиран во полициска акција.



Саша Милосављевиќ (47) е убиен од Специјалната антитерористичка единица (САЈ) при обид за апсење во Индустриската зона во Јагодина, потврди српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Објавени се фотографии од возилото на САЈ во кое пукал убиецот, по што бил ликвидиран.