Вахабистот Сенад Рамовиќ – Бецан, поврзан со нападот со самострал на полицаец пред израелската амбасада во Белград, во јуни, бил убиен синоќа во судир со полицијата во селото Хотково кај Нови Пазар.
Рамовиќ при апсењето одбил да се предаде и испукал три или четири куршуми кон припадниците на МВР, јави дописникот на МИА од Белград.
„Тоа беше заедничка акција на БИА, МВР и Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар„, изјави МВР Ивица Дачиќ за ТВ Прва.
Дачиќ изјави дека Рамовиќ бил во бегство по терористичкиот напад на жандармот пред израелската амбасада во Белград, кој во јуни го изврши Милош Жујовиќ, дека против него е поднесена кривична пријава и дека побегнал на територијата на Косово.
Министерот потсети дека Рамовиќ во 2007 година бил осуден на две години затвор за кривичното дело тероризам и дека одиграл клучна улога во радикализацијата на Жујовиќ, кој изврши терористички акт во Белград на 29 јуни, како и на други лица, како на пример на Лазар Бербер од Сомбор, кој исто така неодамна беше уапсен во заедничка акција на БИА, МВР и Обвинителството за организиран криминал поради основано сомнение дека подготвувал терористички акт.





