Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац била нападната вчера попладне во центарот на Мадрид. Шарац наводно била физички нападната од млад човек на улицата каде што живее амбасадорката, а се здобила и со повреди на грбот.
Според Н1 Србија, маж пришол на Сарач додека таа зборувала на телефон и ја прашал дали е од Србија, по што тој ја удрил со нога во грбот и побегнал. Наводно, мажот е лице со албанско потекло. Според извештаите, неколку лица се обиделе да го фатат напаѓачот, но тој избегал.
Амбасадорката е во добра состојба, а се огласи и министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, кој најостро го осуди нападот.
„Најостро го осудувам физичкиот напад врз амбасадорот Сарач во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој срамен инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја“, објави тој.





