Средношколците-медицинари од Тетово ја споделуваат болката на семејствата на загинатите во Кочани: Зборуваме различно, но плачеме исто

Учениците на Медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово денеска почнаа ја наставата, солидаризирајќи се со болката на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани. Преку перформанс, што го објавија на општествената мрежа фејсбук, тие испратија порака: Зборуваме различно, но плачеме исто.“ Ова го објави ТВ Алсат.