На последниот натпревар во кошаркарската лига на шампиони меѓу белградски Партизан и грчкиот клуб Панатинаикос се случил инцидент во кој грчки навивачи со рацете го формирале двоглавиот албанки орел со цел понижување на Србите во Белград.
Српските медиуми и навивачи преку социјалните медиуми се чувствуваат изневерени од грчките навивачи кои го направиле албанскиот симбол кон навивачите на белградски Партизан.
Пред грчките навивачи да почнат да прават албанки двоглав орел со раце тие биле навредувани и понижувани од навивачите на Партизан.
Во текот на целиот натпревар во рамки на Евролигата кој го доби Партизан биле скандирани пораки со омраза кон навивачите на Панатинаикос по што тие со формирање на албанскиот орел ги провоцирале домаќините.
Традиционално навивачите од Србија и Грција се сметаат за блиски и затоа сега српските навивачи се чувствуваат предадено од своите браќа по навивање.
Грција е една од петте земји членки на ЕУ која не го признава Косово во знак на солидарност со Србија.





