Средба на Африм Гаши и Глаук Коњуфца во Скопје – Косово очекува да добие од регионот поддршка за зачленување во ЕУ

„Ги пречекав на свечена вечера претседателот на Парламентот на Косово Глаук Коњуфца и делегациите на парламентите на земјите од регионот, кои се учесници на Процесот на соработка на Југоисточна Европа. Многу плодна и важна дискусија за иднината на нашиот регион, за колку е можно подобра соработка меѓу нашите земји и заедничко патување кон интегрирањето во ЕУ.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил Африм Гаши, претседателот на Собранието на Република Македонија.



Во својата објава Гаши дополнува: „Во следните два дена * Македонија ќе биде домаќин на 11-та седница на Парламентарното собрание на Процесот на соработка во Југоисточна Европа, на која, меѓу другото, вниманието ќе се насочи кон стабилноста и безбедноста, економскиот развој и регионалната соработка.“

Претседателот на Парламентот на Косово Глаук Коњуфца се огласи, исто така, на фејсбук по својата средба во Скопје со Африм Гаши, но со повеќе детали: „Приемот, што ни го приреди Африм Гаши, претседателот на Собранието на * Македонија, на официјалната вечера во рамки на 11-тата пленарна седница на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, беше многу добра можност да разговарам со него и со претставниците на другите земјите за најдобрата можна иднина на нашиот регион, во духот на соработката и сеопфатноста.

„Визијата за економски развој, придружена со стабилност и безбедност, под непоколебливите принципи на демократијата, соработката, почитувањето и еднаквоста, како и заедничките цели, се формулации, кои го донесуваат Косово, но и другите земји од регионот, во ова важна организирање, што ѝ одговара на Стратегијата за Југоисточна Европа 2030, како и на нејзините стратегиски насоки за одржлив економски развој во регионот и за напредокот, заради доброто на нашите граѓани.“

Во оваа можност, што ни ја понудија Парламентарното Собрание на Процесот на соработка на Југоисточна Европа и претседателот на Парламентот Гаши како домаќин, можев  во текот на разговорите да ги претставам придонесот и перспективата на Косово во оваа заедничка визија. Ќе имаме можност повторно да ги изнесеме овие ставови на пленарната седница на Парламентарното собрание на Процесот на соработка во Југоисточна Европа.

Косово очекува Парламентарното собрание на Процесот на соработка во Југоисточна Европа да придонесе за подобрување на регионалната соработка и на европската интеграција, да помогне во зголемувањето на безбедноста во целиот регион, вклучително и Косово, и остро да ги осуди однесувањата, што ги загрозуваат мирот, стабилноста и европското патување на Косово и регионот. Очекувам овој форум силно да ги поддржи интегративните амбиции на регионот и да побара од институциите и земјите-членки на ЕУ да му овозможат на Косово статус на кандидат во ЕУ и членство во меѓународните организации, меѓу кои и во Советот на Европа.