Премиерот Мицкоски информираше дека одржал средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на која се разговарало за борбата против корупцијата и организираниот криминал како главен приоритет на Владата.
-Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда – борбата против корупцијата.
Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот.
Испраќам јасна порака:Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето.
Доаѓа време на правда. Само така државата ќе направи повеќе за народот, напиша Мицкоски.






