Средба Мицкоски – Таравари по 1 Мај

 

По 1 мај премиерот Христијан Мицкоски ќе има средба со лидерот на Алијанса и актуелен министер за здравств во Владата, Арбен Таравари, велат од Кабинетот на премиерот.



Средбата е поврзана со тоа дали Алијансата за Албанците и министерот за здравство Арбен Таравари, ќе останат во влада велат од Кабинетот од каде посочуваат дека Владата функционира редовно.

Доказ за тоа била и последната владина седница на која не присуствувал Таравари, но присутен бил Арбен Фетаи кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците.

Превирањата во коалицијата Вреди се префрлија во Владата откако Таравари одлучи дека на локалните избори ќе оди сам, а не исклучи и евентуална соработка со ДУИ за време на вториот круг.

Од ВРЕДИ „алармираа“ дека е невозможно Алијанса дабиде дел од Владата а истовремено да комуницира со опозициската ДУИ.

Меџити: Зборувам во име на коалицијата Вреди дека не може Таравари и АА и да соработуваат со ДУИ и да останат во владата