Средба Мицкоски – Касаноф: Важна е поддршката за Македонија на патот кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на неговата посета на САД по повод инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп оствари низа средби меѓу кои и онаа со Александар Касаноф, Помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.



“Во рамки на разговорите се осврнавме на стратешките прашања од суштинско значење за Македонија, неопходната поддршка од нашиот долгогодишен стратешки партнер САД, како и на актуелните предизвици со кои се соочува нашата држава и регионот.

Европската перспектива на Македонија и нејзината активно изразена улога во рамките на НАТО претставуваат клучни приоритети во нашата стратешка визија за иднината”, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.