Србија се заканува, го чека септември со стратегија за „ФИРОМ“

Доколку Македонија на гласањето за Косово во УНЕСКО кое што треба да се одржи во Обединетите Нации гласа „неутрално“ или „за“, официјален Берград ќе започне владини консултации за менување на одлуката за признавање на земјата со уставното име.



Српски дипломатски извори велат дека на Белград му е јасно дека голем дел од македонските граѓани се Албанци и дека во владата има три албански партии кои што вршат притисок на премиерот Заев но тоа не е нивни проблем.

„Србија не направила ништо на штета на Македонија и ако уште еднаш добие нож во грб од својот јужен сосед ќе ги преземе сите потребни мерки за да го заштити својот национален интерес“, велат изворите на expres.mk.

Пораката до Македонија е дека ако нивните претставници во септември во Њујорк гласаат во корист на Косово се е можно во односите со Скопје од каде што најверојатно во знак на протест ќе биде повлечен и српскиот амбасадор. За Србија и воздржaната или неутрална позиција значи дека Македонија го поддржала Косово.

Индиректна потврда за ваквиот српски став вчера даде и српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој во септември заедно со претседателот Александар Вучиќ ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, каде ќе бидат продолжени преговорите со државите во врска со барањето за членство на Косово во Унеско.

Вучиќ е уверен дека Косово нема да биде примено во Унеско, бидејќи сега против тоа ќе бидат и државите кои претходно биле воздржани. Тој не ја спомнал конкретно Македонија или било која друга земја од регионот.

Во месец мај за српските медиуми премиерот Заев изјавил дека Македонија на следното гласање за членството на Косово во УНЕСКО ќе биде неутрална.

На прашањето  како ќе гласа Македонија за време на следното изјаснување за приемот на Косово во УНЕСКО, Заев во изјава за ТВ Прва тогаш кратко одговорил: „неутрално“.