Ова го најави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.



Ќе биде испратен еден хеликоптер „Агуста Бел 212“ и тим од пет припадници на хеликоптерската единица и еден член на Одделот за вонредни состојби.

Во вчерашното соопштение на српското МВР , се наведува дека барањето за помош било од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Македонија.

„Во акцијата за гаснење на пожарот во с.Македонија, по добиено одобрение од колеги од таа земја, учествуваат 10 пожарникари-спасувачи со три теренски возила, кои работат во атарот на селото Магленце и спречување на натамошно ширење на пожарот кон територијата на Србија“, изјави Дачиќ.

Српското Министерство ќе упати и два хеликоптери за да помогнат во гаснењето на пожарот што од Северна Македонија се прошири до местото Козјак кај Бујановац, на југот на Србија, во близина на манастирот Прохор Пчињски.

Србија, исто така, и во средината на јули обезбеди помош на македонските служби во гаснењето на пожарот што тогаш беснееше на планината Серта.