Одвратни и навредливи реакции и говор на омраза од грчки активисти се појавија на социјалните мрежи по посетата на министерот за европски интеграции Муртезани на Атина.
,,🇬🇷🇲🇰 | Заменичката министерка за надворешни работи на Грција Пападопулу денеска во Атина беше домаќин на министерот за европски прашања на Република С. Македонија Орхан Муртезани.
Двајцата претставници разменија мислења за начините за натамошно унапредување на соработката во Европските теми. Тие ги испитаа можностите за грчка техничка помош за Република С. Македонија во рамките на нејзиниот пат кон ЕУ”, објави грчкото министерство за надворешни работи.
“Ни Северна, ни Македонија!
Тие се циг…скопјани. Срам да ви е што ги пречекувате”, пишува во една од реакциите на објавата на социјалната мрежа Х.
Во други реакции се обвинува Македонија дека го прекршува Охридскиот договор.
Тие што критикуваат не кажуваат што сега згреши Македонија која претходно под притисок од Грција го смени своето име.
Сите реакции на Х поранешен Твитер
https://x.com/GreeceMFA/status/1887859356026237283?t=avYp5JugvZt0M1QLfR4Qdw&s=19






