СП: СДСМ му нуди на ДУИ тројца носители на заеднички листи за да добие поддршка за претседател

СДСМ му нуди на ДУИ тројца носители на заеднички листи за да добие поддршка за претседател, објавува весникот Слободен Печат цитирајќи функционери во СДСМ.



,,На финалната средба која треба да се одржи до крајот на неделава, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе го убедува лидерот на ДУИ Али Ахмети со заеднички листи да настапат на парламентарните избори и ќе бара поддршка за претседателскиот кандидат на СДСМ во вториот изборен круг, откако стана јасно дека ДУИ ќе излезе со свој кандидат за шеф на државата, вели за „Слободен печат“ висок функционер од СДСМ. Ковачевски не се откажува од „Eвропскиот фронт“ и на одделна средба ќе се види и со Зијадин Села, лидер на дел од Алијанса за Албанците, за заеднички настап на парламентарните избори”, пишува Слободен Печат.