Носителот на листата на СДСМ во втората изборна единица Оливер Спасовски имал задоволство да се сретне со локален верски лидер по што јавно порачува дека кон европската иднина одиме со Пендаровски.
,,Со задоволство се сретнав со Оџа Бајрам Бејта во с. Идризово, по повод Рамазан Бајрам, да ја изразиме слогата и заедништвото во овие празнични денови. Ние сме едно општество со еднакви можности за сите и одиме кон европска иднина заедно со нашиот претседател Стево”, објави Спасовски по средбата со оџата Бајрам.







