Престижниот Фајненшл тајмс (Financial times) на насловната страна на денешното издание (петти февруари) го стави протестот во Атина, на кој стотици илјади Грци се собраа за да кажат НЕ за можноста терминот Македонија да биде дел од сложеното име за нашата земја.
Статијата со наслов „Соседи во битка за името“ и со наднаслов „Целото (име) е грчко“ е сместена на ударно место во весникот, а на фотографијата со која е покриен текстот, во морето грчки знамиња се гледа транспарент на кој пишува „Македонија е Грција“.
Статијата ве оставаме да ја прочитата самите, а колку за потсетување, на вчерашните протести во Атина се собраа, според полицијата, околу 150 илјади луѓе од сите делови на земјата, од сите општествени слоеви и од речиси целиот политички спектар во земјата, освен крајната левица која одржа контра-протест.
Пораката од демонстрациите на плоштадот Синтагма е токму онаа која се гледа и на фотографијата на Фајненшл тајмс, Македонја е грчка, а името не им го даваме на „Скопјаните“.





