Работници во Москва отсекле дел од новиот споменик на рускиот креатор на светски позната автоматска пушка АК-47, бидејќи оружјето на статуата било реплика на германско оружје што го користеле нцистите во Втората светска војна.
Споменикот на Михаил Калашников беше отворен оваа недела во Москква со пригодна свеченост.
Но, експертите за оружје веднаш ја окриле грешката дека на статуата е прикажана германската пушката StG 44 што ја користеле нацистите.
Споменикот висок 7,5 метри требаше да го прикажува Михаил Калашников со неговиот изум АК-47 во рацете.
Грешката требаше да ја види скулпторот, изјави за руските новински агенции извршниот директор на Руското военно историско друштво, Владислав Кононов.
Автоматската пушка е една од најпознатите оружја произведени во СССР/Русија кој се стекна со светска слава под името „калашников“. Министерот за култура, Владимир Медински, ја опиша како „културен бренд“ на земјата.
Дизајниран од Калашников во 1946 година, автоматската пушка „калашникот“ стана едно од најпознатите оружје во светот што се користеше во практично секој голем конфликт.
Михаил Клашников направил малку пари од својот пронајдок и во една прилика изјавил дека ќе било подобро да измислел косилка за трева.
Тој почина во 2013-та година на возраст од 94 години.





