Спиропали: Повредувањето на албанскиот јазик го повредува албанскиот идентитет! – Одлуката на Уставниот за јазиците да биде според Рамковниот!

 „Повредувањето на албанскиот јазик во која било форма го повредува и идентитетот на Албанците! Очекуваме дека ќе биде во духот на Охридскиот договор одлуката на уставниот суд во врска со законот за јазиците.“ – изјави претседателката на Собранието на Албанија Елиса Спиропали  на прес-конференцијата во Скопје. Ова го објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: На заедничката конференција со претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши Спиропали ја искажа својата надеж дека законот за јазиците ќе биде спроведен целосно. „Заинтересирани сме, очекуваме со верба и надеж дека законот за јазиците ќе се спроведе целосно. Албанскиот јазик е, барем за нас, свет и е поврзан со суштината на нашиот идентитет. Неговото повредување во која било форма, боли многу и го повредува албанскиот идентитет, што му го нудиме на во овој голем свет во регионот и пошироко како наша вредност. Ја препознаваме и ја разбираме загриженоста за можните промени во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд. Но очекуваме дека ваквите нарушувања ќе имаат решение според духот на Охридскиот договор.“ – рече Елиса Спиропали.