27 годишниот играч од средниот ред на Македонската репрезенатција е избран за најдобар од страна на ФФМ за годината што поминува. Стефан Спировски со тоа влегува во редот на своите сограѓани од Битола (Канатларовски, Савевски, Стојковски, Мицевски) кои често претходно беа победници во овој избор. Тој во моментов настапува во Ференцварош откако го однесе или му помогна на Вардар да обезбеди настап во групната фаза во Лигата на Европа.



Покрај Спировски меѓу поважните луреати од свечената фудбалска вечер во Скопје се и Елиф Елмас (Фенербахче) како најдобар млад играч, Бесарт Ибраими (Шкендија) како најдобар стрелец и Енис Барди (Леванте) како најдобар наш фудбалер што игра во странство.