Се очекува пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК да се најдат косовскиот претседател Хашим Тачи и пратеникот од Алијансата за иднина на Косово Даут Харадинај, брат на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, пренесува Алсат М, повкувајќи се на бриселскиот портал ЕУОбсервер.
„Ги повикуваме сите косовски водачи … искрено да ги информираат косовските граѓани за сериозните негативни последици, вклучително и за меѓународна и евроатланска интеграција на Косово…“ предупредија Франција, Германија, Италија, Велика Британија , а САД во четвртокот.
Косовски медиуми шпекулираа дека првите обвиненија и апсења ќе се случат веќе овој месец, по барање на Судот кој почна со работа минатиот јануари.
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, за новинарите деновиве изјави : „Бев против (KSRJI) додека бев во опозиција и сега сум против“.
Неговиот брат и пратеник, Даут Харадинај, отиде подалеку со изјавата дека „првото апсење за Специјалниот суд“ ќе ги „активирало“ поранешните герилци на ОВК.
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, исто така, сакал да го укине КРСЈИ, пишува ЕУОбсервер кој информира дека претседателот предизвикал вознемиреност во декември кога помилувал пет лица обвинети за убиство на семејството на српски симпатизер.
Тачи изјави дека Специјалниот суд претставува историска неправда за оние кои се бореле за независноста на Косово.
Балканските медиуми шпекулираат дека Даут Харадинај и Тачи, кои се и поранешни команданти на ОВК, можеби ќе бидат во ред за да се соочат со Специјалниот суд.
Спцијалниот суд за злосторствата на поранешната ОВК (KSRJI), ќе работи во Хаг поради стравувањата дека ќе има заплашување на сведоци во Косово и ќе ги третира тврдењата дека високи членови на Ослободителната војска на Косово (ОВК) биле инволвирани во продажбата на органите на српските затвореници за време на војната на Србија со Косово во 1998 и 1999 година, пишува ЕУОбсервер.






