За поранешниотминистер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најавите за помилување на лицата што упаднаа во Собранието „се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ“.
Во изјава од пред Собранието тој додаде:
„27 ми април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија. Не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност. СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај“, рече Спасовски, кој е кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата на парламентарните избори.
Тој сподели и објава на Фејсбук:






