Слоун Стивенс ја победи Винус Вилијамс во три сета, а Медисон Кијс, многу полесно, со само три загубени гема ја совлада Коко Вандевејг за формирање на финалната двојка на американскиот тениски Гренд Слем. Четирите Американки кои стигнаа во полуфиналето гарантираа и финале за можната спортска нација, а тоа ќе биде прв дуел на две домашни тенисерки во Њујорк од 2002 година, кога во сестринското финале се сретнаа Винус и Серена Вилијамс.



Стивенс и Вилијамс имаа по еден убедлив сет (6-1 и 0-6), за во третиот решавачки, Стивенс да биде поуспешна со 7-5 и да стигне до својот најголем успех во кариерата. Истото важи и за Кијс, но таа остана на теренот многу пократко откако ги доби двата сета против Вандевејг со 6-1 и 6-2. Женското финале в сабота, а денеска се машките полуфинални средби: Андерсон-Карењо Буста и Надал-Дел Потро.