Мустафа Нано, амбасадор на Албанија во Швајцарија, не очекува ништо добро за Албанците на Балканот од вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.



„Трамп верува дека силните го донесуваат законот. Во оваа смисла, за земји како Албанија нема да дуваат добри ветришта затоа што по оваа логика нема да се фаворизираат Албанија, Косово, земјите каде што живеат Албанци на Балканот“, оцени Нано, кој е новинар по вокација, во својата анализа.

Според него, Трамп е опасен за Европската унија, бидејќи „сојузите веќе не се засноваат на заеднички вредности, туку на национален интерес“.