Со смешни натписи – пуштени во употреба 6-те автобуси донација од ЕУ

„Во случај на итна кршина чаша“!?



Ова е еден од натписите со упатство до патниците во внатрешноста на шесте нови еко автобуси, донирани од Европската унија, кои од вчера почнаа да сообраќаат во Скоппје.

Автбусите кои сообраќаат на линиите 2, 4, 5, 7, 15, 16, 24 и 50 бе промовирани на 26 ноември 2024 година.

 

Сепак, се чини дека натписите во нив повторно не се проверени бидејќи имаат нелогични па дури и комични грешки, објави ТВ21.

Па така, на налепниците во делот на „Итен излез“ на македонски јазик има синтаксичка грешка па така наместо „Во случај на итност скрши стакло“, на налепницата стои „Во случај на итна кршина чаша“.

Правописна грешка имаше и кај натписот на албански јазик.

Од Министерство за животна средина и просторно планирање порачаа дека грешките ќе бидат исправени и дека се изготвени нови налепници.