Со коренити промени во составот, но со ист пристап кон играта ќе оди нашата најдобра фудбалска селекција во новите два меча од квалификациии за Светското првенство. Освен подмладувањето сакаме промена и во делот на среќата зошто таа покрај квалитетот што треба да го демонстрираме е еден од факторите за средбите со Израел на 2 септември во Хаифа и три дена подоцна со Албанија во Струмица.



„Сакаме да ја продолжиме добрата серија од оваа година, но сакаме и подмладување и затоа во одбраната и средниот ред ќе има промени. Јасно е дека не сакам да се откажам од ниту еден репрезентативец како што се Шиков и Мојсов, но во овој момент мислам дека ни е неопходно освежување токму во овие редови“

Изреал и Албанија не не надиграа во првите соочувања, но ние во двата случаја губевме со 2-1 и затоа сега во пресрет на завршниот сегмент од квалификациите во групата Г заостануваме. Ќе се обидеме да ги стигнеме со освежувања. Па така на голманската позиција доаѓа Илиев, на стоперските Зајков и Велковски и од тимот што настапи на младинското ЕП во Полска повикани се и Муслиу, Тошевски, Барди, Николов, Бабунски, Елмас, Ѓоргев и Радески, и плус дебитантот Дориев.

„Ако нешто може да нагласам тоа е фактот дека повиканите репрезентативци ова лето играат повеќе од квалитетно за своите тиов, и Алиоски во Лидс, и Енис Барди, и Трајковски и Несторовски во Палермо, и Хасани, Николов за домашните клубови. Се надевам дека сето тоа сега на еднакво начин ќе го демонстрираат и во репрезентацијата“.
Собирот на селекцијата е на 28 август во Скопје, а седмиот меч од мундијалските квалификации за нас е против Изреал на гости на 2 септември.