Словачкиот премиер Роберт Фицо минатата недела му напишал писмо на шефот на американскиот Оддел за владина ефикасност Илон Маск во кое се пожалил на субвенциите и грантовите што агенцијата УСАИД им ги обезбедувала на невладини организации, медиуми и конкретни новинари во Словачка.
Словачкиот премиер му честитал на Маск за неговото назначување и за одлуките што ги носи во врска со напорите дасњ скратат и да не се злоупотребат државните пари на САД.
„Неспорно е дека финансиските средства од УСАИД се користеле во Словачка за политички цели, со цел да се наруши политичкиот систем и да се фаворизираат одредени политички партии“, напиша Фицо во објавата на Фејсбук.
Премиерот Фицо вели дека „и од нецелосни јавни извори, јасно е дека агенцијата УСАИД ги поддржувала овие субјекти со субвенции во износ од неколку милиони долари за релативно краток период“.
Фицо, исто така, побара подетални информации за трансферите на пари во Словачка, за „да се направи разлика помеѓу корисни и корисни проекти и бесрамно мешање во внатрешните работи на Словачка“.
Администрацијата на Трамп има за цел да ја укине УСАИД, а Маск ја предводи агенцијата насочена кон подобрување на ефикасноста на федералната влада. Фицо во писмото го нарекува „министер“, иако Маск официјално не е на министерска позиција.
За словачкиот премиер злоупотребата на странски средства во Словачка за дискриминација на дел од политичкиот спектар е толку сериозна што е подготвен да се сретне лично со Маск.
Фицо лани преживеа атентат но брзо се опорави од повредите.
Предходно медиум близок на српската влада откри дека американското министерство за финансии бара податоци за луѓе кои добивале пари преку УСАИД Србија.
Американското министерство за финансии бара податоци за двајца македонски државјани
Фото: профил на ФБ на Фицо






