Само 4 пратеници го искористија правото на дискусија во минатите два дена, а кај собранискиот спикер се пријавени уште 79, што остава простор смената на Марко Зврлевски да влезе во август, а поради одморот на пратениците и во сепмтември. Затоа од СДСМ побараа забрзување на процесот.
“Да ја сведеме оваа дискусија на нормално, час поскоро да ја затвориме оваа точка затоа што реформските процеси ги очекуваат граѓаните, но и меѓунарондата јавност која ни дава поддршка за отпочнување на процесите. Им благодарам на колегите од опозицијата кои беа конструктивни и се одзваа на повикот“, рече координаторот на пратеничката група на владејачката партија Томислав Тунтев.

На апелот одговори координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој порача дека не може да се очекува конструктивност од опозицијата доколку мнозинството не соработува.
“Ако сакате договор, тогаш треба навистина да сте инклузивни, ние побаравме менување на законот за ЈО, да го разгледаме, да го донесеме, па тогаш да зборуваме за конструктивнот“, рече Димовски од говорницата.





