Младо момче вчера вечер во Охрид на градското шеталиште возејќи мотоцикл удрил во две деца, 18-годишна скопјанка и паркирано возило, по што ги напуштил местото на инцидентот мислејќи дека може да и избега од правдата.
На 18.04.2025 во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишната М.И. од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според Димоски, по преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, се вели во информацијата од СВР Охрид.






