Со молотови коктели нападната зградата на албанската влада

Со молотови коктели и камења доцна синоќа опозициските демонстранти ја нападнаа зградата на владата на Албанија.



Демонстрантите го избраа вчерашниот ден за протест во знак на сеќавање на 20 февруари 1991 година, кога продемократските демонстранти ја урнаа статуата на долгогодишниот албански комунистички диктатор Енвер Хоџа.

Тие ги обвинуваат државните функционери за вмешаност во организиран криминал и корупција, откако нивниот лидер Сали Бериша беше ставен во домашен притвор.

Бериша им се обрати на демонстрантите преку видеоврска од домашен притвор.

„Еди Рама, слично на другиот диктатор (Хоџа), ги концентрираше сите сили во свои раце и сака Албанија без опозиција“, им рече Бериша на демонстрантите.

Тој е под истрага за наводна корупција додека бил премиер помеѓу 2005 и 2013 година, но Бериша негира дека сторил нешто лошо, обвинувајќи го премиерот Еди Рама за политичка одмазда со цел да ги замолчи противниците.

Полицијата ја забарикадираа канцеларијата на премиерот Еди Рама.

„Денес сме тука да го урнеме режимот на Рама, кој е полош од режимот на Енвер Хоџа“, рече рече демонстрант..

Обвинителите допрва треба да одлучат дали ќе поднесат формални обвиненија против Бериша или ќе ги отфрлат.