Со „мерцедес“ влетал во толпа луѓе, загина жена…

Во инцидентот, окфалификуван како трагичен чин и кој се случи вчера во германски град Штутгарт, загина 46 годишна жена а уште осум лица се повредени.



Портпаролката на полицијата изјави дека причината за инцидентот веројатно е несреќа, нагласувајќи дека истрагата е сè уште во тек.

Возачот на автомобилот, 42-годишен маж, е во притвор каде што полицијата го испрашува, изјави портпаролката.

Инцидентот се случил на трамвајска станица во центарот на градот.

Точните околности на несреќата, која се случила во 17:50 часот, сè уште се нејасни, како и брзината со која се движел автомобилот.