Никој не се сомнева во намерата, желбата, а во овој случај и во квалитетот, кои треба да ни овозможат трета победа во квалификациите за Светското првенство. Таа треба да се случи вечерва на стадионот Младост во Струмица против еден од поголемите аутсајдери во Европскиот фудбал, и секако најслабата селекција во нашата група Г, Лихтенштајн.



Ние го совладавме Лихтенштајн на гости во март со 3-0 (Николов и Несторовски 2), тие немаат ниту бод во овој турнус, а иако ние не ги потценуваме, не би требало да освојат ниту денеска.

„Желба на сите нас е да оставиме добар впечаток во последниот натпревар од овие квалфикации во кои лошо стартувавме, но подоцна покажавме дека имаме потенцијал да се натпреваруваме против секого. Лихтенштајн е репрезентација која сигурно можеме да ја победиме и треба да покажаме дека знаеме да ја оправдаме фаворитската улога“, вели стрелецот на голот во Торино, Александар Трајковски кој пред три дена погоди против Италија за одличните 1-1.

Средбата во Струмица меѓу Македонија и Луксембург е од 20.45, термин во кој започнуваат и другите две средби во нашата група: Израел-Шпанија и Албанија-Италија.

Македонија има шанса по три лоши циклуса за ЕП и СП да дојде до 11 бода, што би било сосема пристојно со оглед на тоа дека во претходните квалификации имавме едноцифрен број освоени поени.