Пратеникот на партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски, Чедомир Саздовски денеска ја официјализираше соработката со владеачката коалиција СДСМ – ДУИ – Алијанса за Албанците.
Екс пратеникот на ГРОМ денеска беше еден од 66 пратеници кои што гласаа за заклучокот со кој Собранието одлучи дека има потреба од закон за јззици.

Пред ланските избори како дел од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ Саздовски ја обвини потпретседателката на СДСМ дека крадела пари од фондовите на ЕУ.
Саздовски до пред неколку години беше член на СДСМ, но ја напушти во 2013 година, кога изрази несогласување со ставот да не се учествува на локалните избори.
Тој потоа беше дел од Социјал-демократската унија, а потоа му се придружи на Стевчо Јакимовски во формирањето на ГРОМ. Важеше за еден од неговите најблиски соработници, а беше и заменик-координатор на шестата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Но, не е првпат да се шпекулира дека Саздовски не се согласува целосно со политиките на опозициската коалиција. Доколку тој ја напушти, ќе се изедначат политичките сили во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ ќе има 50 пратеници, а владеачките партии – исто толку. Во Собранието веќе има 5 независни пратеници кои ги поддржуваат политиките на владејачките партии.





