Со дрон гаѓана резиденцијата на Нетанјаху (ВИДЕО)

Утрово било лансирано безпилотно летало кон домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја, изјави неговиот портпарол.



Тој соопшти дека премиерот не бил во близина и нема жртви, јавува Ројтерс.

Претходно израелската војска соопшти дека од Либан е лансиран дрон и дека погодил зграда.

Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот.

 

Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата.

Пресретнати биле уште два беспилотни летала кои преминале на израелска територија, соопшти војската.