Со вложување 55 милиони евра во два нови објекта на обновлива енергија ќе се обезбеди струја за повеќе од 20 илјади домаќинства во РМ

Акционерското друштво ЕСМ со кредит од Германската развојна банка започнува нови инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. Вчера во Владата на Република Македонија беа потпишани договори меѓу ЕСМ и Германската развојна банка за изградба на два нови капацитета за производство на обновлива енергија: фотоволтаичната електроцентрала „Битола 2“ и втората фаза од ветерниот парк „Богданци“.

Преку заем со државна гаранција за овие два важни проекта се обезбедени 55 милиони евра. Државната гаранција е потпишана од Министерството за финансии по исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и вклучен период на одложување на отплатата од пет години. „Инвестициите во енергетиката се приоритет од капитално значење. Денес почнува изградбата на два суштински проекта во енергетскиот сектор.“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од 55-те милиони евра 47,3 милиони евра се наменети за фотонапонската електрана „Битола 2“, а 7,7 милиони евра се за втората фаза на ветерниот парк „Богданци“.

„Битола 2’ ќе се гради во состав на РЕК ‘Битола’ и ќе има инсталиран капацитет од 50 до 60 мегавати. Се очекува оваа електроцентрала да произведува од 80 до 90 гигаватчасови струја во текот на една година. Но тоа ќе зависи од сончевото зрачење. Ќе биде доволно за околу 20 илјади домаќинства. Ќе се намали испуштањето јаглероден диоксид за 63 илјади тони годишно.“ – нагласи претседателот на македонската влада Мицкоски. Мицкоски.

Втората фаза на ветерниот парк „Богданци“ предвидува градба на нови четири ветерни турбини. Инсталираната моќност ќе биде зголемена за дополнителни 13,6 MW, а вкупната инсталирана моќност ќе се зголеми и ќе биде повеќе од 50 мегавати. Ќе се обезбеди дполнително годишно производство од 37 гигаватчасови така наречена „зелена енергија“.

„На овој начин се бориме за поголема енергетска независност и за поголема ефикасност. Во минатото за минатите влади енергетиката беше поле за криминал и корупција, но за нас таа е поле, каде што што треба да ги засукаме ракавите, жестоко да работиме, затоа што преку енергетиката се гради и нашата заедничка иднина.“ – рече Мицкоски.

Тој рече дека има постојано има средби со можни инвеститори, заинтересирани за градба на когенеративни гасни централи. Сите инвестиции за кои се разговара, нагласува Мицкоски, се пазарно насочени и не се како оние претходните, кои требаа да поминат во Собранието како проекти со стратегиски карактер. Според премиерот Мицкоски, и покрај последното зголемување на цената на природниот гас на светските берзи, не се намалува интересот за изградба на вакви објекти, бидејќи главниот град Скопје и Македонија имаат голем, но и недоволно искористен пазар за топлина и за струја.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер рече дека Германија се залага за забрзана изградба на извори на обновлива енергија. Мориц Реме, регионалниот директор на канцеларијата на Германската банка за Скопје и за Приштина, рече дека се покренува проект, со кој ќе се надгради ветерниот парк „Богданци“, во 2014 година првиот ваков проект во поширокиот регион, кој имал, како што посочи Реме, функција да ги отвори вратите за понатаму.

Според главниот директор на ЕСМ Лазо Узунчев, се очекува двата проекта да бидат финиширани до 2027 година. „По неполни два месеца ЕСМ и Германската развојна банка ја продолжуваат соработката, заради градење на енергетските проекти, кои значително ќе го зголемат бројот на нови производствени капацитети на електрична енергија од обновливи извори во државата. Со надградбата ветерниот парк ‘Богданци’ во 2027 година ќе има планиран бруто годишен приход од 3,3 милиони евра.“ – нагласи директорот на ЕСМ Узунчев.