,,Со вас сме браќа”, малку поинакви бугарски пораки до Македонците и Албанците

По инцидентите на прославата на Денот на албанското знаме кога беа запалени и сквернавени македонски и српски знамиња имаше огромен број реакции низ целиот Балкан. на социјалните мрежи.



Иако албанските активисти не палеа и кинеа бугарски знамиња токму од Бугари дојдоа пораки со закани кон Албанците и поддршка за Македонците.

,,Албанците брутално го нападнаа македонското знаме и направија хаос во центарот на Скопје.

Имам порака за овие дивјаци: Напуштете ја Македонија бидејќи нема да го толерираме вашето однесување уште долго. Секој напад врз Македонија е напад врз Бугарија.
С вас сме, братя!🇧🇬☦️🇲🇰”, пишува бугарски профил на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

Ова е сосема различна порака од тие што вообичаено може да се прочитаат од бугарски извори упатени кон Македонците.

Досега поради создадениот анимозитет меѓу Бугарите и Македонците во последните неколку години обично Бугарите беа мирољубиви со Албанците а жестоки кон Македонците.

Албанците кои сквернавеа македонски и српски знамиња беа критикувани и во Србија и други земји и од Албанци интелектуалци.

https://x.com/TotevBa4kaDosta/status/1862775368110796941?t=_2dyN3xJ7RyzJSrZRRf7iA&s=19