Шведската полиција уапсила маж кој рано утринава се обидел со автомобил да мине низ вратите на руската амбасада во Стокхолм, јавува Ројтерс.
45-годишниот маж не успеал во обидот и бил уапсен поради сомнение за тежок напад.
Полицијата не соопштува дополнителни информации за идентитетот на мажот.
Портпаролот на полицијата изјави дека нема индикации за мотив и дека во возилото нема ништо сомнително.





