Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад во Србија, каде се урна натстрешница на Железничка станица.
„Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени. Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност“, пишува во објавата на Фејсбук.





