Соработник на Борисов најавува „бугаризација“ на Македонизмот

Европратеникот од Република Бугарија во Европскиот парламент Ангел Џамбаски веќе не се ни обидува да скрие што е целта на соседната држава во Македонија.



Тој на социјалните мрежи ги коментира резултатите од локалните ибори и најави што е следната агенда на официјална Софија.

„ДПМНЕ не е ВМРО. ДПМНЕ е Белград и УДБА. Време е за востановување на старата организация и враќање на бугарската кауза во Македонија“, порачува Џамбаски.

Бугарскиот европратенико не е слиучајна фигура во бугарската политика, не е припадник на некоја од помалите националистички партии туку висок претставник на партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.

Имајќи го предвид авгторитетот на најпопуларниот бугарски политичар во последните 20 години Бојко Борисов речиси невозможно е Џамбаски овие пораки кон Македонија да ги испраќа без знаење на неговиот партиски и бугарски шеф на владата Бојко Борисов.

Бугарија и Македонија пред 80 дена потпишаа договор за пријателство со кој беше договорено двете земји да не провоцираат и да градат добри односи.

Однесувањето на Џамбаски кој најавува враќање на бугарската кауза во Бугарија крши најмалку две точки од договорот.