Нецели 10 часа им биле потребни на бугарски историчари да ги сменат историските податоци во графата за Република Македонија на англиски јазик на Википедија, која што иако нема научна вредност сепак е често користен извор на информирање низ светот.
Според промените направени на први август вечерта по 10 часот македонската нација е измислена во 1934 година со решение на коминтерната а Македонизмот се развил во Вардарска Македонија и меѓу бугарската дијаспора.

Според направените промени сите македонски преродбеници од Кирил Пејчиновиќ преку Прличев и Рајко Жинзифов се Бугари и дел од Бугарската национална преродба. Истто важи и за Панко Брашнаров и Страхил Гигов кои што се приклучиле на бугарската администрација во втората светска војна.
Според бугарското гледање на работите Методија Шаторов Шарло кој бил на чело на Комунистичката партија на Македонија а бил сменет од својата позиција од КПЈ, не сакал да се бори против бугарските власти затоа што и самиот бил Бугарин.
Илинденското востание се нарекува Илинденско – Преображенско а „Крушевската република била дел од помали воени успеси.

Промените направени на први август веднаш по потпишувањето на договорот за пријателство се речиси идентични на официјалните бугарски позици за македонската нација како измислица на Сталин и за единствена историја на Бугарите и Македонците се до втората светска војна.





