Лага е дека законските решенија кои ги носи оваа влада се последица на широк консултативен процес, смета експратеничката на СДСМ, Софија Куновска.
Таа вели дека поединци како раководни структури во СДСМ никогаш не консултирале ниту еден орган за ниту една одлука во партијата, а камоли во коалицијата.
„Се поминувало ‘ради реда’ низ процедурите откако веќе на пресови или низ медиуми новостите биле познати. Одлуките ги носат два-тројца“, тврди Куновска, која беше меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје, но Заев го избрал Петре Шилегов.
Во ноември таа си поднесе оставка од функцијата претседател на Градска организација на СДСМ откако ниту еден претставник од скопската организација не беше кандидат за пратеник во Собранието.





