Сорос дал 550.000 илјади долари за да спречи „Брегзит“

Џорџ Сорос донирал 550 000 долари на организација која треба да го спречи излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, објавува Ројтерс.



Американскиот милијардер со унгарско потекло стана светски познат во 1992 година, кога на берза успеа да ја сруши британската фунта.

Организацијата „Најдоброто за Велика Британија“ потврдила дека добила пари преку фондацијата на Сорос.

Премиерката Тереза Меј изјави дека земјата ќе ја напушти ЕУ на 29 март следната година, и нема да има нов референдум по тоа прашање.