Првата дама на Украина, Олена Зеленска, вчера пристигна во Белград, во прва посета на висок украински функционер на Србија од почетокот на руската инвазија во 2022 година, што може да се прочита и како сигнал за оддалечување на Србија од Москва, традиционалениот сојузник.
Заедно со српската колешка Тамара Вучиќ и украинскиот министер за надворешни работи Дмитар Кулеба, кој исто така е во прва посета на Белград, Зеленска го обиколи градот и средновековната тврдина Калемегдан, пренесува агенцијата Танјуг.
Зеленска и Вучиќ ја посетија и градската библиотека во Белград, во која се наоѓа „Украинската полица“, дел од библиотеката со украински книги која е основана под патронат на првата дама на Украина.
Русите реагираа огорчено на посетатат, пренесува Индекс.хр
Веста за посетата на сопругата на Володимир Зеленски на Србија ја пренесоа речиси сите поголеми руски медиуми. На порталот на руската државна новинска агенција Риа Новости оваа вест е четврти најчитан текст.
„Срамно“ и „Ова е одвратно, ова е одвратно однесување на „пријател“ на Русија“, се двата најпопуларни коментари.
Во реакциите на текстот читателите пишуваат дека Србија ја предала Русија, а го напаѓаат и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ова се дел од коментарите на Риа Новости:
„Прочитајте Достоевски. За „браќата“ на кои ако им се укаже можност ќе ни забијат нож во грб! Пример – Бугарија и Црна Гора.
„Русија никогаш немала пријатели. Имала само непријатели.
„Кои се „пријателите“ што сè уште ги имаме? Папуанците од Полинезија? Или Северна Кореја?
„Постоеше, се разбира, надеж дека Србите и Унгарците нема да учествуваат во нова „крстоносна војна“ против Русија, но добро… Што и да кажете“.
„Нема пријатели, никому не може да му се верува…!
„Нема повеќе потреба да се става вето на антисрпските резолуции во ОН.
„Вучиќ и наш и ваш.
„Вучиќ, дали навистина си без кичма?
„Србите почнаа да забораваат кој ги демократизираше во 1999 година и почнуваат да се залажуваат.
„Ова е шлаканица на Русија.
„Такви се тие, браќа“ – се дел од коментарите.
Столиця Сербії власним прикладом довела, що життя та відновлення зрештою перемагають, а на місцях колишніх битв у місті-фортеці з’являються прекрасні парки. Дякую всім, завдяки кому ще одна велична пам’ятка – вже 84-та в нашому проєкті – зможе розповісти про себе українською. pic.twitter.com/2ZbXeh5miS
— Олена Зеленська (@ZelenskaUA) May 12, 2024






