Сончево време со мала до умерена облачност се очекува денеска. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од УХМР информираат дека утре претежно во западните делови од земјата ќе има појава на краткотраен дожд. Потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.
Во средината на неделата се очекува преодно наоблачување проследено со локални врнежи од дожд и услови за грмежи.





