Првиот човек на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, бара премиерот Христијан Мицкоски и ресорната министерка Весна Јаневска да најдат начин и од следната недела да пренаменат дел од парите во буџетот, за покачувања на платите во образованието.
Доколку не се зголемат платите, ќе протестираат.
„Ако не се зголемат платите, не се исклучува можноста да го радикализираме незадоволството“, изјави Неделков, претседател на СОНК, пренесува Фактор.
Министерката за образование го повтори ставот дека платите во овој сектот ќе растат. Сега со септемвриската плата ќе има минимално покачување, а веќе од март порастот ќе биде солиден.






