Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира на известувањето на Министерството за образование и наука за одработувањето на деновите 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни без одработување, поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори.



МОН бара учениците, сепак, да ги „одработат“ неработните 24 април и 8 мај

Откако вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков го објави известувањето на МОН кое било испратено до училиштата, денеска следува и реакција од Синдикатот.

„СОНК е организација која се бори и е поборник за почитување на законите, но во овој случај, мора да реагира со неприфаќање на ваквата Ваша одлука, проследена преку известувањето“, се вели во реакцијата на Синдикатот.