Првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков изјави дека СОНК нема да учествува на ниту еден протест организиран од политички партии.
Изјавата е во врска со денешниот собир на наставниците во 11,30 часот пред Министерството за образоавание организиран од СДСМ
„Независниот синдикат за образование, наука и култура, како најголем синдикат во кој членуваат повеќе од 20.000 просветни работници, се оградува од секаков вид влијание и политичко делување во образованието.
Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигање на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикат, се однесува на купување ситни политички поени и може да има спротивен ефект.
Политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за наставниците и знаат најдобро да ги оценат“, напиша тој на социјалните мрежи.
Вели дека СОНК и во следниот период ќе продолжи да дејствува со сите расположливи синдикални алатки до постигнување на целта.
„Членовите на СОНК нема да учествуваат на ниту еден протест организиран од партијата и строго ќе се чуваат од политичко мешање во синдикатот“, напиша Неделков.






