Сомнежи во Украина: За Трамп сме „последна дупка од кавалот“

 

Додека Доналд Трамп се подготвува да се врати во Белата куќа, украинските власти работат зад сцената за да воспостават врски со неговата претстојна администрација, потврдија за „Украинска Правда“ извори од украинските политички и дипломатски кругови.



Наводно, канцеларијата на претседателот Зеленски успеала да „отвори одредени канали за комуникација“ со Ричард Гренел, поранешниот амбасадор на Трамп во Германија, кој беше спомнат како можен кандидат за државен секретар (иако Трамп на крајот го номинираше Марко Рубио за функцијата). Според „Украинска Правда“, шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, започнал контакти со Гренел по средбата меѓу Трамп и Зеленски во септември.

Сепак, спротивставените пораки од кругот на Трамп ги комплицираат напорите на украинските власти да се поврзат со новата администрација.

Некои извори тврдат дека Украина не е меѓу приоритетите на Трамп.

„Во Украина постои перцепција дека Трамп станува и легнува мислејќи на нас. Тоа е фантазија“, пренесува Индекс.хр.

Во моментов тој е 90 отсто фокусиран на составување на неговиот кабинет.
Останатите 10 отсто се поделени на теми како граница, имиграција, абортус, Кина – и само тогаш, некаде на крајот на Украина“, рече еден украински дипломат.

„Украинска правда“ истакнува дека медиумските извештаи за внатрешниот круг на Трамп ја одразуваат оваа неизвесност. Од победата на изборите, Трамп допрва треба да даде значајни изјави за завршување на војната во Украина или да претстави конкретен план за мир.

Украински политичар со „контакти во штабот на Трамп“ им изјави на новинарите дека новоизбраниот американски претседател „нема никаков план за војната“ во моментов.

Трамп дури неодамна доби пристап до доверливи информации и документи за конфликтот, тврди изворот. „Сите овие информации значително го менуваат разбирањето на реалната ситуација.

Значи, ако имало план, сега ќе мора да се прилагоди на реалноста. Но, засега нема знаци на катастрофа“, додаде политичарот.